Проектот Guernica претставува современо станбено-деловен објект за квалитетно домување, лоциран во општина Центар, на ул. Антон Панов бр.1 Со својата архитектура, висока естетика и имплементирани технолошки решенија, ќе претставува модерен урбан белег. Објектот е сместен во мирна градска средина, а истовремено близу до институции од јавен карактер, трговски центри и јавен транспорт. Во непосредна близина се наоѓаат градинки, основни и средни училишта.
Освен дизајнот на секоја фасада ги запазуваме и највисоките стандарди за енергетска ефикасност на самиот објект. Во секој објект се вградени изолациски материјали, комбинација од 20cm тврдопресован стиропор со 15cm графопор и најсофистицирани алуминиумски профили со трослојно стакло.
Секоја станбена единица е опремена со внимателно одбрани санитарии и плочки кои ги задоволуваат највисоките светски стандарди. Нашиот тим се грижи за функционалноста, одржливоста и естетиката во секоја единица. Дел од нашата програма се тоалет школки со soft close механизми, со rimless технологија, вградена туш батерија.
Совршен дом за вас и вашето семејство
Станбено – деловен објект за квалитетно домување
Интегриран систем на конструкција, функционалност и пространост
Имплементирани технологии и смарт системи