Внимателно ја избравме локацијата на нашиот нов станбен објект Букурешка, поделен во две единици, лоциран во општина Карпош, на ул. Букурешка бр.57 и бр.59 Ултра модерната фасадана Букурешка е создадена од совршено комбинирани елементи, давајќи беспрекорен и урбан стил. Објектот е сместен во мирна градска средина, локација со која сте изолирани, а сепак блиску до центарот на градот. Во непосредна близина се наоѓаат градинки, основни и средни училишта.
Освен дизајнот на секоја фасада ги запазуваме и највисоките стандарди за енергетска ефикасност на самиот објект. Во секој објект се вградени изолациски материјали, комбинација од 20cm тврдопресован стиропор со 15cm графопор и најсофистицирани алуминиумски профили со трослојно стакло.
Секоја станбена единица е опремена со внимателно одбрани санитарии и плочки кои ги задоволуваат највисоките светски стандарди. Нашиот тим се грижи за функционалноста, одржливоста и естетиката во секоја единица. Дел од нашата програма се тоалет школки со soft close механизми, со rimless технологија, вградена туш батерија.
Совршен дом за вас и вашето семејство
Станбено – деловен објект за квалитетно домување
Интегриран систем на конструкција, функционалност и пространост
Имплементирани технологии и смарт системи